“Private music” – ексклузивен концерт на Кокан Димушевски во Кавадарци
На концертот во Кавадарци Кокан Димушевски ,електронски инструменти, заедно со Љубиша Кировски ,виола, освен дел од бројните музички наслови во неговата обемна соло кариера надвор од матичните “Леб и Сол“, ќе исполнат и нови теми, премиерно за љубителите на убавата музика во Кавадарци. Концертот ке се одржи во Домот на култура, во среда, на 16 мај, со почеток во 20.30 часот.
Влезниците по цена од 100 денари ќе можат да се набават на билетарата на Домот на културата, во вторник на 15 и во среда на 16 мај од 18.30 до 20.30 часот.
Кокан Димушевски, освен како оригинален клавијатурист на легендарните “Леб и Сол“, музичката кариера успешно ја гради во безброј проекти и преку неколку соло албуми, соработки со бројни музичари во Македонија и надвор од неа како и низ бројни концерти на познати сцени./У.Ј