Театарската трупа „Словото“ се врати со две награди од фестивал во Бугарија
Со наградите „Најатрактивна претстава“ и „Најдобра машка улога“ која ја освои Кире Ацевски се врати во Велес Драмската театарска трупа „Словото“ од интернационалниот фестивал на поетичен театар што се одржа во воениот клуб во Русе, Бугарија во период од 19-21 мај.
Театарска трупа „Словото“ на фестивалот кој го носеше насловот „Борба и обич“ учествуваше со перформанс насловен како „Пранги“ кој обработува неколку теми што меѓусебно се испреплетуваат, а во меѓувреме ја опишува и ситуацијата за тоа што се случувало во Македонија за време на турското ропство.
Перформансот е во режија на Весна Димитрова – Бобевски, а во него учествуваа: Кире Ацевски, Емилија Алексовска, Андријан Ѓорѓиев, Магдалена Арсовска и Марија Недева. Аудио-визуелниот дел на перформансот беше изработен од студентот на филмска режија Александар Арсовски.
На овој фестивал трупата застана рамо до рамо со студентите по актерска игра од Пловдив. Фестивалот, што е под покровителство на вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов, годинава имаше натпреварувачки трупи и групи од Украина, Бугарија, Србија и Македонија./У.Ј