(ФОТО) На 55 Рацинови средби, промовирана книгата „Влогот на Конески во Рацин“ на проф. д-р Стојчевска Антиќ
Во Рациновиот сокак и пред влезната порта на спомен куќата на Коста Солев Рацин,на 15 јуни годинава, беше промовирана книгата „Влогот на Конески во Рацин“ од проф. д-р Вера Стојческа Антиќ. Пред присутните почитувачи на творештвото на поетот, скоро сите учесници и гости на 55 Рацинови средби, книгата ја промовираше проф. д-р Васил Тоциновски.
– Кај човекот во неговиот живот единствена мера е работата. Низ седумте текстови што ви ги нуди авторката со пропратниот избор на текстови на Кочо Рацин, создава една хомогена целина за да ни открие дека постојат личности за кои треба да чекаме и се раѓаат еднаш во едно столетие. Таква личност е Кочо Рацин. Блаже Конески вложувајќи дел од себе си во личноста и делото на Кочо Рацин исто така ја има димензијата на мудроста“, рече Тоциновски.
Тој упати благодарност до издавачката куќа „Македонска реч“ која ја издаде книгата на проф. д-р Вера Стојческа Антиќ во 300 примероци.
– Проучувајќи го Блаже Конески, јас сватив тека тој има неверојатна почит кон Коста Рацин. Тој му посветил 23 труда на Рацин од 1945 година се до неговата смрт, Рацин му беше почесна фигура, рече проф. д-р Стојческа Антиќ.
Книгата „Влогот на Конески во Рацин“ од проф. д-р Вера Стојческа Антиќ е испечатена со финансиска поддршка на Градоначалникот и Советот на Општина Велес.
По промоцијата присутните, меѓу нив и Амбасадорката на Република Хрватска во Република Македонија Данијела Баришиќ како и претседатели на неколку македонски здруженија надвор од Македонија, ја посетија родната куќа на поетот./У.Ј