Кавадаречкот фолклорен ансамбл „Тиквеш“ одржа хуманитарен концерт
Објавено на 22 мај, 2019 во 23:21
Кавадарчани со хуманитарен концерт на Фолклорниот ансамб “Тиквеш“ и помогнаа на својата мала сограѓанка. На девојчето на кое му е потребна парична помош за лекување, меѓу првите, во пресрет му излегоа вработените во Домот на културата “Иван Мазов – Климе“.
Тие го организираа хуманитарниот концерт на кој настапија сите групи по возраст на Фолклорниот ансамб “Тиквеш“ .
Продадени беа сите влезници за концертот, што се одржа во средата на 22 март, во салата на Домот на култура. Тие чинеа 100 денари. Од Од Домот на култура им се заблагодарија на сите хумани сограѓани кои се одзваа на нивниот повик, купија билети и го проследија фолклорниот концерт./У.Ј