Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

knigaGjockov

Комплетно добро опремена и кадровски солидно екипирана Детска болница во Велес била отворена во средината на месец ноември, на 15 или 16, во 1919 година. Во тоа време болницата била најголема на Балканскиот Полуостров. Најзаслужни за оваа медисинска установа се Асоцијацијата Болниците на американските жени и докторката филантроп Ета Греј. Тие во најтешките момент, по завршувањето на Балканските и Првата светска војна во 1919 година, дојдоа на овие простори , да видат, да останат и да им помагаат на оние на кои помошта им била најпотребна. Овие податоци се дел од истражувањето на новинарот во пензија Јосиф Џочков објавени во неговата книга „100 години од првата Детска болница во Велес“.

Gjockov fin

-Настаните и личностите поврзани со првата Детска болница во Велес јас само ги извлеков од архивите, старте поќолтени страници на весници и книги, за да ги сместам таму каде што им е местото, во историјата на Велес и на Македонија. Знам дека приказната во книгата има уште многу не напишани детаљи а и многу тајни поврзани со првата Детска болница и нејзиниот персонал, 17 докторки и 12 болничарки. Архивите немаат многу документи, нема живи сведоци како и запишани преданија но сигуен сум дека во Велес, на таваните, во домашните архиви, во подрумите, во дрвените сандаци полни со историја има нешто што може да ја надополни приказната, рече Џочков.

Тој ги поттикна велешани, особено првите луѓе во градот, на медицинските установи, истражувачите, хроничарите и новинарите да продолжат да ги бараат информациите поврзани со првата Детска болница во Велес. Тоа е единственот начин да не се заборави на подарокот, хуманоста и посветеноста на мисијата на Асоцијацијата - Болниците на американските жени, на докторката филантроп Ета Греј на останатите докторки и болничарки.

Првата Детска болница во Велес се наоѓала на локација над тогашната касарна, во дел на Велес што тогаш бил нарекуван „Крајот на стариот пат за Прилеп“ и стариот пат кон железничката станица.

Веб порталот Дума.мк првично напишаниот текст за првата Детска болница во Велес на новинарот Јосиф Џочков го објави пред една година. Но, тој продолжи да истражува и собира информации и фотографии што резултираат со издавање на книгата „100 години од првата Детска болница во Велес“. Издавањето, финансиски го помогна Општина Велес. Книгата беше промовирана на одбележувањето на 75 роденден на градот Велес. /У.Ј

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Најново

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВОТО МАНЕВИ

На 20 декември 2019 година во пожарот што изби во комплексот Варналиите, во Велес, на улица: „Јован Наумов Алабакот“ целосно е оштетена и куќата со реден број 10 на семејството Маневи во која живееја Љубица и Бојан. Огнот ги пеплоса покуќнината, мебел, технички апарати и гардероба. Тие немаат каде да живеат. Засега се згрижени кај роднини. На Љубица и Бојан им е потребна граѓанската помош и поддршка. Граѓани, да му покажеме на ова семејство, дека не е само во загубата на имотот. 

Пред и за време на новогодишните и божикни празници, секој од Вас колку што може нека донира на сметка 210-5016284563-22, депонент НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Манева Љубица со живеалиште на ул. Јован Наумов Алабакот број 10 во Велес. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лицае 262, со назнака донација.

За добронамерните граѓани надвор од Македонија уплатите можат да се вршат на IBAN Code MK7210501628456322, SWIFT TUTNMK22.