(ФОТО) „Дедо и внук“, македонски филм со отворен крај
Со првите кадри, кои го прикажуваат тромиот здравствен систем во државата кога треба да спаси живот, филмот „Дедо и внук“, кај гледачот ги буди спомените за малата Тамара, девојчето од Велес кое не ја доживеа потребната интервенција во странство поради желбата на власта операцијата да биде прва во Македонија во новоотворена болница за да може да се соберат политички поени. Родителите на детето што не успеа да го спаси докторот Никола, во филмот, со ист гнев како и на Тамара. Мајката на докторот во филмот прв човек на Фондот за здравство со ист обид да се спаси репутацијата на институцијата и да се префрли вината на родителите. Но, потоа во филмот сценаристот и режисер илија Пиперкоски развива приказна што поттикнува на размислување за семејните вредности, оние кои се изгубени во последните децении на македонско тло, каде трката по пари во втор план ги става семејните врски како што се дедо, татко, син, неопходните радувања на растењето на децата, разговорите на заедничка маса, довербата во професоналното надраснување на таткото од страна на синот или најкратко изгубеното време за радост, љубов, почитување. Последниот филмски кадар е особено интересен за гледачите.
-Постојат два вида на филмови, првите кои поставуваат прашања но на крајот од филмот ги поседуваат одговорите и вторите кои не на сите поставени прашања им даваат одговор туку бараат интеракција од гледачите за да ја допродолжат приказната. Јас направив филм по второт пример. Сакам интеракција, тие да ја продолжат филмската приказна, секој на свој начин. Филмот можеби не може да го промени светот но може да постави прашања од кои ќе зависи како ќе биде понатаму. Тој е илузја на денешното општество, блиско на тоа што денеска го живееме, рече Пиперкоски.
Запрашан зошто второт главен лик, покрај внукот е дедото, подзаборавената генерација на грагани токму од своите деца и внуци, режисерот со одговор дека и тоа е македонска реалност.
– Филмот кај нас можеби е реалност која што сите треба да придонесеме за да ја промениме, потресен и трогателен. Но во Норвешка можеби не логичен затоа што нивниот систем на гледање на своите чеда е со поголема свесност, на поинакво ниво, па и свесноста да имаш стари луге крај себе во споредба со нас, како ги гледаме повозрасните, ама и болните чеда. Живееме во турболентно време кое не само што не ни дава можност да ги согледаме работите туку и неможност да бидеме покреативни во пронаогање на решенија како да бидеме подобри секој ден, додаде Пиперкоски.
За актерот Деjан Лилиќ кој го игра ликот на внукот Никола, лекарот кој не успева да го спаси тугото дете, филмот претставува надеж за освестување на лугето дека трчањето по пари не треба да е најважната животна цел.
– Не е важно тоа што ќе имаш сума на пари на маса а околу себе тажни луге, нервозни, несреќни и нерасположени. Важно е да имаш помалку пари ама среќни луге затоа што гладни нема да останеме ама тажни, несреќи и осамени, можеме да бидеме. Можеби е банално да кажам дека среќата не е во парите ама навстина тоа е така. Потрошувачкото општество не тера тоа да го правиме но тоа е погрешниот пат. Од семејството потекнува нашиот бит, ДНК-то кое ни е врежано. Најмногу можат да ти помогнат тие што те сакаат а тоа е најблискиот круг што седи околу семејното огниште, каде се решаваат најзначајните работи за двајца, тројца, шестмина. Од тоа нема ништо позначајно, рече Лилиќ.
Режсерот на филмот „Дедо и внук“, Пиперкоски заедно со актерот Лилиќ и монтажерот Данчо Стефков по првата проекција во кино „ Киноверзум“ во Свети Николе, во саботата, на 1 февруари, се дружеа со публиката, се фотографираа и ги слушаа првите впечатоци.
Филмот „Дедо и внук“ е семејна емотивна драма, огледало на секојдневниот живот на едно македонско семејство што комплетно е снимен во Охрид и раскажува за едноличниот живот на пензионерот Никола, се до ненајавеното доаѓање на неговиот единствен внук кој го нема посетено повеќе од 10 години. Во главните улоги: Салаетин Билал, Даниела Ивановска и Дејан Лилиќ./У.Ј