Промовирана поетската збирка „Мисловна вртелешка“ со поднаслов “Будилка на сетилата“ на велешанката Светлана Босилкова Далевска
Рефлексивна поезија што произлегува од сите пет сетила кои се вклопени синестетички, но и во исто време, будничка поезија нешто што денеска ни е особено неопходно во ова наше време содржи книгата „Мисловна вртелешка“ со поднаслов “Будилка на сетилата“ на велешанката Светлана Босилкова Далевска. Во исто време таа содржи и будничка поезија нешто што денеска ни е особено потребно во ова наше време.
– Рецензентотскиот текст за оваа лнига го насловив „Меѓу семјотиката и кибернетиката на сетилната комуникација бидејќи оваа поезија произлегува од сите пет сетила и во неа сите пет сетила се вклопени синестетички што значи овдека синестезијата се надоврзува на синтретизмот нешто што особено доаѓа до израз и преку самото графичко решение на книгата. Зад „Мисловна вртелешка “ стои автор со големо животно искуство, стекнато по патеките на животот, но и нова интелектуална емигрантска поезија што ќе дојде кај нас и повторно ќе не врати во кругот во кој што живееме. Впрочем оваа книга и не залудно го носи насловот Вртелешка бидејќи се во животот се врти, се е извесен круг, независно од каде се сме почнале и што се сме направиле, ние повторно се враќаме на оние теми кои што биле преокупација од самото наше детство, рече проф. д-р Димитар Пандев.
Ова е втора поетска книга на Светлана Босилкова Далевска. Авторката за поезијата рече дека е специфична форма за која што не се потребни подготовки и планови бидејќи се раѓа од мисла во мисла, од момент во миг , се лови од секвенци од животот кога се добива инспирацијата за пишување.
– Почнав да пишувам поезија по еден настан што многу ме потресе, ги надразни моите сетила, и е поврзан со моментот кога почина мој пријател, другар од мали нозе, од детство а тоа е др Милчо Трајков. Потоа како да се отвори менталната визија, се редеа стихови, секој ден пишував песна, се случуваше чудо. Поезијата можеме да ја разбереме и како еволуција на поетот затоа што почетникот сака, па дали може да пишува по што доаѓа знаењето и искуството. Јазикот мора да се искристализира за да може да ја создаде песната, поезијата. Во книгата песните се на егзистенционални теми, додаде Босилкова Далевска.
„Мисловна вртелешка “ содржи 45 песни, поделени во четири циклуси од кои првиот и вториот создаваат единство додека третиот содржи љубовна а четвртиот циклус содржи родољубива и друг вид на поезија.
На авторката ова и е втора книга по веќе издадениот прв, роман „Лавица на жица“. На денешната промоција во локалната библиотека „Гоце Делчев“ пред присутните освен рецензентот присуствуваа и модераторот професор Светлана Ќулумова како и повеќемина роднокрајни поети и љубители на пишаниот збор и литература./У.Ј