Афористичка ? за денешниот тмурен ден
Објавено на 13 декември, 2021 во 12:59

Велешкиот афористичар Никола Бошков „Коки“ и денеска ве почестува со шест нови афоризми. Целта му е во тмурениот ден за момент да ве насмее ?
-Му завидувам на вирусот на грипот, тој може да направи избор која жена ќе ја легне во кревет.
-Новиве политичари штотуку излегоа од анонимност, а веќе прашуваат: во која директорска -фотеља да седнат.
-Многумина луѓе се обидуваат да ги имитираат пожарникарите: ги гаснат своите проблеми во туѓи бракови.
-Таа одби неколку кандидати затоа што љубовта ја сфатија како спорт: сите посакуваа да бидат…први.
-Постојат фудбалери кои играат многу подобро со глава: отколку некои актуелни политичари.
-Наместо да и запее, пеачот и СВИРНА: сега таа му пее…на бебето.
Афористичар
Никола Бошков – Коки
