Коки: „Со децении наназад бевме пијани од разно – разните политички коктели што ни ги сервираа недоветни политичари…

Афористичарот Никола Бошковски Коки со нови седум понеделнички афоризми за заедницата на читатели на Дума.мк. Коки за оваа недела ви напиша:
„Љубовта е слепа, но во бракот се отвораат очите.“
„Со децении наназад бевме пијани од разно – разните политички коктели што ни ги сервираа недоветни политичари, но сега на повидок се новите избори и времето кога треба…ДА СЕ ОТРЕЗНИМЕ.“
„Некои луѓе се паметни кога зборуваат, некои кога молчат, на некои пак, не им помага ниту едното, ниту другото.“
„Кога би се виделе и слушнале како изгледаат и што се говорат пред камерите, мнозина политичари би си го продале телевизорот.“
„Современите Јулии ,најчесто се вљубуваат во…Алфа Ромео.“
„Не е комплимент кога ќе ви речат дека во креветот сте вреден како пчела, пчелата само еднаш боцка.“
„И гинекологот ни потврди, дека нашата универзална ракометарка има нешто исклучително во себе.“
Вашиот, Коки
