Промовирана стихозбирката наградена со „Антологија на болката“

Објавено на 10 јуни, 2016 во 14:00

Вториот ден од одбележувањето на Рациновите средби во Велес започна со промоција на стихозбирката „Сјај и страв и песни“ на Даница Ивановска Лепојевиќ, наградена со „Антологија на болката“. Промоцијата се одржа во малата сцена на тетарот Џинот, а промотори беа Ана Костовска од „Култура“, поетот Елена Пренџова и писателката катерина Момева. Авторката на стихозбирката видно возбудена ги примаше честитките од гостите и не ја криеше радоста и честа што токму таа ја добива наградата насловена со најубавата љубовна поезија.

„Помалку сум изненадена, помалку затекната бидејќи не очекував дека ќе ја добијам наградата. Секако дека е огромна чест да се добие ваква награда особено поради тоа што за името на Рацин и за Антологија на болката ме врзуваат спомени од детството и затоа што ја почитувам како врвно дело во македонската љубовна поезија. Се надевам дека оваа награда ќе ми биде поттик и предизвик за понатамошно творење, а зошто да не и аз други награди“, рече Ивановска Лепојевиќ.

Присутните на промоцијата имаа можност да се вклучат во разговорот на тема „Љубовната поезија на Рацин, кој го водеше проф. др. Елизабета Шелева.

Вечерва завршува педесет и третото издание на Рациновите средби во Велес./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.