Кавадаречка културна есен со унгарска вечер
Вечер на унгарска култура се случи во Кавадарци во рамки на манифестацијата Кавадаречка културна есен.
Беше отворена изложба на фотографии “Танцот на уметноста“ чиј автор е Јанош Ејферт од Унгарија. Отворањето на изложбата беше збогатено со настап на Лазар Соколов – кларинет и Ана Арангелова – пијано за чиј настап унгарскиот амбасадор Др.Јожеф Бенце не штедеше пофални зборови.
Бенце пред кавадарчани истакна дека изложбата е резултат на добрата соработка меѓу културните институции од двете држави кои треба да придонесат за зајакнување на пријателските врски меѓу двата народи, во Македонија и во Унгарија.
Веднаш потоа во кино салата пред кавадарчани беше прикажан филмот „Слобода, љубов“ во кој се одбележува унгарска револуција, од 1956 година што се случила во Будимпешта, во исто време во Мелбурн се одржувале Олимписките игри. Филмот го прикажа времето на влегувањето на советските тенкови во Унгарија од една и од друга страна победата на унгарскиот ватерполо тим над советската ватерполо репрезентација во олимпискиот базен во Мелбурн. Овој спортски дуел се памети како еден од најкрвавите ватерполо мечеви во историјата.
