Кавадаречка културна есен: Изложба на унгарски спортски олимпијци

Објавено на 6 ноември, 2012 во 22:05

Културните случувања на “кавадаречката културна есен“ продолжуваат.

Вечерва во Домот на културата “Иван Мазов-Климе“ беше отворена изложба на “Унгарски спортисти-олимпијци“. Изложбата е дел од соработката на општина Кавадарци со унгарската амбасада во Македонија.

Веднаш по изложбата кавадарчани имаа можност да уживаат во песните на Никола Бадев. Целовечерен концерт со познатите песни на оваа музичка легенда одржа КУД “Никола Бадев“ од Кавадарци со своите гости “Орнаменти“, “Штипски мераклии“ и фолклорниот ансамбл “Тиквеш“.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.