Куќата на вкусови, ќе го отсликува наследството на Кавадарци!
Вака изјави министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска откако го посети новиот музеј вој Кавадарци.
Тој е дел од проектот што се реализира со партнерската општина Воден во областа Едеса во Грција, во рамки на прекуграничната соработка со пари од ИПА програмата на Европската унија. Министерката искажа задоволство што градот ќе има посебно катче за презентација на културно историското наследство
“Еден од приоритетите во стратегијата на културната политика на државата е тоа дека е добро во секој град да се отвори музеј каде ќе може автентично да се презентира културното богатство и наследство кое што градовите и регионите ги поседуваат. Даваме силна подршка во таа насока. Во овој музеј ќе можат да ги заокружат сите оние поставки кои се значајни за музејската дејност, исторската, архолошката и етнолошка поставка.Кавадарци е град на култура, поседува големо културно наследство. Голем број на личности кои потекнуваат од Кавадарци се наши силни промотори и го претставуваат културниот идентитетот на државата. Затоа, Кавадарци заслужува еден ваков музеј, “ рече Канческа Милевска. Министерката најави лична заложба за што поскоро отпочнување со работа на овој музеј.
Од локалната самоуправа објаснуваат дека во Куќата на вкусови и мириси ќе биде поставена музејска поставка сставена од стари садови, машини и алатки за производство на традиционалните тиквешки јадења. Ќе има и друга што ќе ја отсликува долгата и светла традиција на градот и регионот преку артефакти и музејски експонати, поврзани со историското и културно-преродбеничкото минато на Кавадарци.
