„Ноќите во бел сатен“ премиерно пред велешката публика
Велешкиот театар в петок ќе ја одигра третата и последна премиера за годинава. „Ноќите во бел сатен“ по текст на Братислав Димитров, а режија на Ненад Витанов. Асамблот на народниот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ премиерно ќе биде изведена пред велешката публика.
Овој текст до сега игран во земјава и затоа е особен предизвик за актерите кои учествуваат во преставата, а тоа се Јордан Витанов, Васил Зафирчев, Зоран и Маја Љутков.
„За прв пат работам на праизведба на еден текст, кој за прв пат се прикажува во театар. Но, токму ова ми причинува особено задоволство токму поради тоа што е и по текст на Бранислав Димитров. Кој со својот шарм и хумор, како приватно така и професионално допира до срцето на секој гледач и читател“, вели Ненад Витанов, режисер на преставата.
Главната тема во преставата е традиционализмот или пак мачовизмот на Балканот и ова е прв текст во регионов кој драматизира дел од овие мачо типови кои имаат огромни проблеми, но нивната појава останува нивна движечка енергија велат актерите кои играат во преставата. Се надеваат дека со неа ќе имаат уште еден хит кај театарската публика во градов, но и пошироко.
„Ова е реткост на нашата сцена, урбана комедија која ја игра млада и надежна екипа предводена од Витанов и ова ни дава надеж дека ќе успее кај публиката“, вели Васил Зафирчев, актер.
„Ова беше еден фин и мирен процес на работа што е реткост во нашиов театар и сум многу задоволен од соработката“, вели Зоран Љутков, актер.
Предност е да се биде едно женско меѓу екипата од мажи. Би ве поканила да дојдете на премиерата. Не сакам да говорам за мојот лик, само ќе цитирам една реплика – овде секој на секому му дава енергија, во светот има вишок на се, само нема доволно љубов“, вели Маја Љутков, актерка.
На оваа престава работи велешка екипа составена од Филип Коруновски како сценограф и Александра Крнинова како костимограф. Премиерата се одржува во петок во 19.30 часот, а првата реприза е веке следниот ден.
