Годишна изложба на кавадаречките уметници!
26 членови на Друштвото на ликовни уметници на Кавадарци со свои дела учествуваат на годишната изложба која беше отворена во галеријата при при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“.
Ликовните уметници од овој град се претставуваат со триесетина дела, комбинирани цртежи. На изложбата се претставени дела на Ристо Соколов Сокол, Глигор Стефанов, Димитар Самарџиев, Билјана Соколова, Елпида Хаџи – Василева, Ванчо Кеков, Александар Нетковски, Цветанка Темкова Илова, Гоце Давидов, Горан Боев, Горан Ѓорев, Ива Јосифова, Владимир Темков, Маја Ралева, Марија Дичова, Петар Наневски, Петар Петков, Игор Јосифов, Симона Манчева, Соња Самарџиева, Ристо Јосифовски, Стефанија Петровска, Томе Филов, Ружица Јосифовска, Трајче Јованов и Валентина Илијевска.
Годишната изложба на ДЛУК претставува извонредна прилика за кавадаречката и македонската ликовна јавност на едно место да види дел од новите правци по кој се движи уметноста на членовите на Друштвото и да се увери зошто кавадаречката ликовна сцена со години е една од најуспешните во Македонија. Истата се совпаѓа со 35 години од основањето на Друштвото, едно од најстарите Ликовни здруженија во Македонија, од кое произлегоа дел од најдобрите и најпознатите македонски ликовни уметници, кои се веќе длабоко етаблирани во модерната македонска и светска ликовна сцена.
