Награда „Прозни мајстори“ за писателот Игор Крајчев!

Објавено на 2 јануари, 2013 во 14:22

Издавачката куќа „Феникс“ го награди неговиот последен роман.

Велешкиот писател Игор Крајчев за романот „Воини и херои“ е еден од тројцата добитници на наградата „Прозни мајстори“ на издавачката куќа „Феникс“ и фондацијата „Македонија презент“. Освен него, годинава, оваа награда оди и во рацете на писателот Васил Тоциновски за книгата раскази „Сушачко попладне“ како и кај Роберт Алаѓозовски за романот „Готен“.

Во „Воини и херои“, Крајчев на читателите им раскажува приказна за целосно измислена земја, со животни, езера, народ и јазик. Неговата  енциклопедиски измислена земја се вика Креидон.

Роберт Алаѓозовски во романот „Готен“ го проследува усното предание за доаѓањето на Сасите во Македонија, од нивното доселување на Балканот во 13 век, привилегиите, но и напорната рударска работа што ја вршеле под средновековните владетели.

Збирката раскази „Сушачко попладне“ на Тоциновски е напишана во Риека и е создадена во специфичниот далматински и медитерански амбиент.
Наградите на добитниците ќе и бидат доделени во четврток на 3 јануари, годинава во аутлет книжарницата на „Феникс“ во Скопје на почетокот на манифестацијата „Фестивал на чајот и читањето“.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.