Уметниците го слават денот на уметноста!
Со групна изложба на која учествуваа единаесет ликовни уметници синоќа во Неготино беше одбележан меѓународниот ден на уметноста.
По теркот на многу светски и европски метрополи изложбата беше отворена во центарот за култура „Ацо Ѓорчев“. Ликовните уметници изложија триесет слики претежно масло на платно, на кои се насликани разни мотиви, потоа скулптури, инсталации и други дела, од најновото творештво на авторите.
„Изложбата изобилува со разни стилови на ликовно изразување од скулптури до рељефно и глазурно сликарство со разни мотиви од пејзажи до најмодерни слики.Се надевам дека манифестацијата ќе стане традиционална и традиционално ќе се организира,“рече ликовниот уметник Киро Јанев.
„Центарот за култура во Неготино на овој начин за прв пата се вклучи во одбележување на оваа меѓународна манифестација,која преку изложби, бројни арт перформанси и инсталации секој 17 јануари се одржува во многу земји во светот како во САД, Јапонија, Јужна Америка. Се надевам дека изложбата ќе прерасне во традиционална,“ рече директорката Мирјана Јованова.
Изложбата ќе биде отворена една недела, време во кое може да ја видат љубителите на ликовната уметност во Неготино.