Електронско позајмување на книга!
Во градска библиотека “Феткин“ во Кавадарци од денеска се започна со електронско позајмување на книги.
Според директорката на оваа јавна институција читателите многу лесно можат да дојдат до посакуваната книга. Системот “кобис позајмица“ се воведува во кавадаречката библиотека по Битола и Штип.
“Нашите читатели сега можат да влезат во фондот на нашата библиотека и да пребаруваат, да резервираат, да порачуваат книга. Со оваа новина сега не може да се врати книга без членската карта која има посебен код. За разлика од порано, кога читателите ни држеа книги со години и не ги враќаа, сега ќе можат да ги задржат 21 ден. После тоа ќе плаќаат дневна казна од 5 денари. При секое позајмување ќе наплаќаме по 5 денари за амортизација“ рече директорката на “Феткин“, Трајанка Атанасова, нагласувајќи дека за читателите кои ќе заборават да ги вратат книгите во предвидениот рок ќе се испраќаат опомени, а за крај и тужби.