Делата на Пешиќ ги фасцинираа американците!
По неодамнешната изложба на Дивна Пешиќ во САД на социјалните мрежи се појавиле многу позитивни критики.
Нејзнините дела биле одлично прифатени од тамошната публика. Она што таа го добила како позитивна критика гласи: “Постои само една Дивна во овој мал свет на уметноста, Дивна Пешиќ од Македонија.
Пешиќ своите дела ги изложи во една од најпрестижните галерии “Амстердам Витни галери“ во периодот од 7 декември минатата година до крајот на јануари. Изложбата беше насловена “Како да се задржи љубовта“ а во нејзини рамки беа претставени дела работени во масло на платно.
“На свеченото отворање присуствуваа голем број на познати гости од сферата на културата, политиката и бизнисот во САД. Навистина сум горда на позитивните критики кои беа во суперлатив за моите дела“ рече Пешиќ импресионирана од одличниот прием. Објаснува дека изложбата била резултат на претходно освоената прва награда на Американските награди за уметност 2012, за делото “Силата на Мајка Тереза”, кое победи во категоријата религија. Најавува дека следната нејзина изложба ќе биде во Истанбул, Турција, во април годинава.
Рути Такер, куратор во “Амстердам Витни галери”, пак, посочил: “ Нашите многубројни посетители и колекционери беа импресионирани и заинтригирани од извонредните уметнички дела. Честитаме на успешната изложба која беше ентузијастички поздравена од страна на јавноста. Амстердам Витни Галерија смета дека уметничката ќе биде една од нашите Ѕвезди” и ќе бидеме горди да ја презентираме нејзината уметност во нашата галерија”. / А.Д