Копаничарска изложба во чест на празникот Свети Трифун во Неготино!
Во градскиот музеј во Неготино,синоќа, беше отворена деветата традиционалната копаничарска работилница на здружението,,Стари занаети”.
Лолита Ристова од општина Неготино рече дека изложбата ја организираат вторпат со цел да стане интернационална во рамките на проектот,,Креирање на мрежа за Европско вино, традиција, култура и експертиза”.
Таа е дел од програмата Европа за граѓаните 2007-2013 со парнери од Италија,Бугарија и Словенија.
„За овие две години реализиравме бројни активности од кои две беа со теми посветени за негување на старите занаети една од нив се одржа во 2011 во Попово, Република Бугарија и другата лани во Неготино за време на празникот Свети Трифун со заедничко учество на уметници од овие градов,“ рече Ристова.
Истовремено во фоајето на музејот беше поставена и изложба на матичната библиотека Страшо Пинџур со презентација на Проектен ЦД Алманах и изложување на нови публикации од областа на земјоделието.