д-р Димитрије Бужаровски објави книга “Истражувачки методологии во музикологијата“!
Најновиот теориски труд на д-р Бужаровски прави пресек на современите истражувачки методологии, со акцент на квантитативните методи.
Како што кажува и авторот во воведот на овој труд, неговата цел е на концизен начин да го претстави истражувачкиот процес од ескплораторната фаза и поставувањето на хипотезите, до нивното прифаќање, или одбивање и пишувањето на завршниот труд.
Соодветно, најголемиот дел од оваа книга е посветен на различните истражувачки техники, имајќи го предвид недостатокот на ваквата литература во пошироките Балкански простори, особено во подрачјето на општествените и хуманистичките дисциплини.
Иако сите примери во трудот се од подрачјето на музичката уметност, тој има многу поширока примена, посебно во подготовката на истражувачките проекти кои се користат при изработката на магистерски и докторски дисертации од различните научни области.
Дијаграмите, табелите, графиконите, техничкото уредување на текстот и индексот ги изработи доц. д-р Трена Јорданоска.
Најновиот труд на д-р Бужаровски е во издание на „Нота“во Књажевац, Србија.
Промоцијата е закажана во просториите на Факултетот за уметности во Ниш на 7 март, годинава.