Поетско читање за меѓународниот ден на мајчиниот јазик!
Градската библиотека “Феткин“ Кавадарци денеска активно се вклучи во одбележувањето на меѓународниот ден на мајчиниот јазик.
Се одржа поетско читање за учениците од средните училишта во градот. Средношколци, членови на драмско-рецитаторската секција при Средното земјоделско, шумарско училиште “Ѓроче Петров“ презентираа извадоци од дела на најпознатите македонски автори.
“Меѓународниот ден на мајчиниот јазик е прилика да се препознае важноста на јазиците и да се мобилизира светот во интерес на мултијазичноста и јазичната разноликост. Мајчините јазици и нивната резноликост се исклучително важни за идентитетот на секоја индивидуа“ рече професорот по македонски јазик Влатко Тасев.
21 февруари за меѓународен ден на мајчиниот јазик е прогласен од страна на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации УНЕСКО на 17 ноемви р1999 година на 30 – та сесија на Генералната конференција .
Според статистичките податоци, во последните три века има изумирање или драматично намалување на јазиците. Во светот денес се зборуваат околу 6.500 јазици, а на околу половина им се заканува исчезнување во многу делови на светот. / А. Д