Прва меѓународна балканска изложба “Мост“
Кавадарци од вечерва па во наредните неколку дена е домаќин на првата меѓународна балканска изложба. Во галеријата на Домот на културата „Иван Мазов Климе“ се поставени триесет дела од ликовни уметници од Македонија и Турција.
Изложбата е насловена како „Мост“ бидејќи ги поврзува уметниците од двете држави.
“По Скопје, оваа изложба ја отвараме и во Кавадарци. 20 автори, 10 од Македонија и 10 од Турција. Во истиот момент иста ваква изложба со дела од истите автори се отвара и во Анкара-Турција. Ова е убав почеток за ликовната уметност да биде дел од културните врски меѓу Македонија и Турција. Авторите на делата што се вечерва преднас ја негуваат модерната ликовна уметнот“ рече директорот на Домот на културата “Иван Мазов-Климе“, Владимир Темков, и најави дека дела од овие автори ќе бидат учесници и на ликовната колонија која се организира во Кавадарци.
Евро-азискиот „Мост“ кој е испреплетен, изграден од 20-те мина ументици го објавува и го означува транс-историското, транс-културното и транс-естетското дијалогизирање./ А.Д