Во Стоби, археолозите истражуваат и конзервираат!
Две недели археолози и конзерватори работат на две локации во археолошкиот локалитет Стоби.
Во западната Некропола се расчистуваат гробници пред Порта Хераклеа и се истражува Театарот. Тоа се ископувања како дел од капиталните проекти за систематски истражувања, финансирани од министерството за култура, рече раководителот на истражувањата Силвана Блажевска.
„Досега бевме концентрирани на источната страна на гледалиштето и во централниот коридор. Сега за овој дел се подготвува конзервација. Ископувањата се дел од капиталните проекти. Ке работиме до почетокот на јуни“, рече Блажевска.
Според Блажевска на западната некропола продолжуваат ископувањата на гробовите во близина на Порта Хераклеја, додека на театарот се ископува источната половина на централниот циркуларен коридор.
Се документираат архитектонските карактеристики на овој дел од објектот и неговата употреба во различни периоди.
Деновиве ќе почне и конзервацијата на мозаикот од старата Епископска базилика./Б.Н.Т