По девети пат во Кавадарци,Меморијалната манифестација „Денот кога се роди добриот човек“

Објавено на 8 јули, 2020 во 23:30

Foto DenotkogaserodiLisa1

09.07.2020

Манифестацијата е посветена на прерано заминатиот Дејан Костов Лиса, дете од вистинскиот центар на Кавадарци, урбана градска легенда, долгогодишен прв и најдобар соработник на големите кавадаречки уметнички имиња од сите уметнички форми.

Како што велат долгогодишните пријатели, соработници и соборци на Дејан Лиса – „Поради Лиса и ние станавме подобри луѓе“.

Манифестацијата ќе се одржи во петок, на 10 јули, годинава, кога неговите сопатници низ урбаното градско подземје, по девети пат ќе го одбележат денот на неговото раѓање, раѓањето на добриот човек Дејан Костов Лиса.

Вечерта меѓу другото, ќе содржи настап на легендарниот кавадаречки рок бенд „Журнал“, кој својот репертоар ќе го исполни соunplugged свирка, а самиот настан поради актуелната ситуација со светската Covid-19 состојба ќе се одвива online, со почеток од 20.30 часот на ФБ страната на организаторот на „Денот кога се роди добриот човек“, Здружението за алтернативна култура „Алтер Центар“ Кавадарци.

-Добредојдени се сите заинтересирани граѓани и медиуми, да го споделат настанот и заедно да поминеме фини урбани моменти, така потребни во ова време на светски недостато, рече Марјан Тодоровски од Здружение за алтернативна култура “Алтер Центар“ Кавадарци./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.