Реконструиран Домот на културата „Кочо Рацин” во Општина Лозово
Објавено: 8 февруари, 2021, во 10:54 часот
08.02.2021
Со променет ентериер, фасада, нов повеќенаменски под, опрема, и нови врати и прозори, создаден е мултифункционален простор наменет за одржување на културни манифестации и спортски натпревари за граѓаните на општина Лозово.

– Со целосното спроведување на планираните проектни активности во вкупна вредност од 7.704.223 денари, во целното подрачје значително ќе се подобри социо-културниот живот на жителите од општина Лозово, додека културните работници и љубителите на културата ќе имаат свое место за промовирање на овчеполските традиционални фолклорни ора и песни. Тие добиваат простор за посета на културните манифестации кои што се одржуваат во општината. Бирото за регионален развој и Министерството за локална самоуправа учествуваат со 80 отсто од финансирањето на проектот, додека пак останатите 20 проценти ги обезбеди општината“, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Со реализација на проектот овој дом на култура, изграден во 1985 година, ќе се користи и како спортска сала која ќе биде наменета за спортски настани.
Стоилко Андреевски

