Три културни настани посветени на Св.Трифун во Кавадарци
10.02.2021
Во Кавадарци, во наредните денови ќе се оддржат три културни настани по повод денот на лозарите „Свети Трифун“.
Во Галеријатана на Домот на култура „Иван Мазов – Климе“ ќе се оддржи традиционална поетска вечер со познати кавадаречки поети, насловена како „Пехарот на Свети Трифун“. Настанот ќе започне во 19 часот, во четврток на 11 февруари, 2021 година.
Наредниот ден, петок на 12 февруари, во Галеријата на Домот на културата ќе биде отворена изложба на ликовниот уметник Владимир Темков од Кавадарци, насловена како “Големи и мали“ . Отворањето на изложбта ќе започне во 12 часот .
Сите три настани ќе се одвиваат според протоколите предвидени за настани, во услови на пандемија на Ковид-19.
Театарот при Домот на културата, премиерно ќе ја изведе претставата „Не се клади на енглези“, работена од страна на Владимир Ѓурѓевиќ текст и во режија на Диме Коцевски. Премиерата ќе се одржи на 13 февруари, сабота, со почеток од 19:30 часот.
Стефани Манева