Велешки театар задоволен од финансиските средства со кои државата во 2021 година ја финансира продукцијата и проектите
25.02.2021
Објавена е годишната Програма за работа на институциите од областа на културата, од страна на Министерството за култура. Велешки театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ годинава добива средства за подготовка на две театарски премиери и еден проект. Министерството директно ќе ги финансира претставите „Орестија“ и „Четири соби“. Првата обезбеди финансиска поддршка од 1,2 милиони денари и втората 800 илјади денари. Финансиска поддршка доби и Фестивалот на античка драма „Стоби“.
В.д директорот на велешки театар Сашо Димоски е задоволен од државната финансиска поддршка, особено што преку неа ќе се финансира претставата „Орестија“ чија премија ќе се случи на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“.
-Годишната програма за работа на институцијата е веќе одобрена од страна на Министерство за култура. Во неа предвидени се две театарски премиери кои се директно од годишните субвенции кои ги дава Министерството за култура преку својата годишна програма за остварувањето на националниот интерест на културата. Тоа е премиерата на претставата „Четири соби“ која ќе ја режира Синиша Ефтинмов и премиера на претставата „Орестија“, проект којшто ќе го работиме во копродукција со Македонската опера и балет, проект на кој искрено се радувам, кој е на многу сериозна продукција со премиера што се планира за свеченото отварање на годинешното издание на Стоби. Многу ме радува што годинава ќе има фестивал во Стоби, после една кратка пауза, и ќе дадеме се од себе фестивалот да биде на високо уметничко ниво а на публиката да и понудиме богат фестивалски репертоар. Што значи дека имаме добиено субвенции за две нови театарски продукции за реализација на фестивалот на Античка драма „Стоби“ а за и театролошки истражувачки проект „Да се почне одново“ по кој се именува и целата оваа сезона. Деталите за овој проект ќе ги соопштиме набрзо заедно со целата програма на официјална прес конференција, рече в.д директорот Сашо Димоски.
По три месеци велешани може да уживаат во актерската игра на сцената на театарот. Во услови на ковид и со почитување на сите препораки за заштита на репертоарот се ставени четири претстави од кои три во месец февруари и една на втори март.
– Голема е радоста да се вратиме повторно назад према нашата публика, голема е радоста да се занимаваме со нашата професија, голема е радоста да си го работиме она за кое што сме се образувале за кое на крај од денот имаме цел и мисија дадено од страна на државата како институтиција во однос на културата, националниот театар. Синиот портокал е претстава која има преку 60 изведби, претстава која е добро позната на нашата публика која секогаш за многу кратко време се распродава и публиката секогаш е желна многу да ја види тоа е еднакво заради креаторите и заради изведувачите на претсавата и се надевам дека оваа претстава и натму ќе има долг и сериозен живот. Што се однесува до другите претстави кои се на репертоарот на театарот бидејќи е објавен до крајот на месецот ја имаме претставата Театар љубов моја, која вечерва е на репертоарот, во сабота ја имаме домашната премиера на театарката инсталација за еден гледач „Херои 04:33“ и во вторник на втори март ја имаме претставата „Шумска болница“, таа е прва претстава со маскоти и сум многу среќен што имаме таков производ., додаде Димоски.
Веќе распродадените билети претставата „Херои 04:33“ не е ништо ново кога станува збор за заинтересираноста на публиката за театар во Велес. Тоа особено е значајно како за ансамблот така и за директорот на театарот.
– Јас мислам дека велешани имаат многу омилени претстави а за тоа говори и посетеноста од страна на публиката во театарот. Ова сум го кажал на неколку места но ќе го повторам и сега крунскиот накин на велешкиот театар е неговата публика, традицијата за гледање театар односно за одење во театар во Велес е поприсутна во споредба со било кој друг град. Ова не се празни зборови, ова се зборови кои многу лесно може да се поткрепат со проценти кои ќе го покажат сето ова за што јас зборувам, констатираше Димоски.
Ова е само дел од подолгото интервју што Дума.мк го направи со Димоски и коешто ќе биде објавено деновиве на порталот.
Стефани Манева
