Во Кавадарци изложба на дела создадени на Ликовната колонија “Караманов 2020“ во Радовиш

Објавено на 5 март, 2021 во 13:52

kultura

05.03.2021

Во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, вечерва, ќе биде отворена изложба на дела на познати македонски ликовни уметници кои биле учесници на Ликовната колонија “Караманов 2020“ во Радовиш. Исто така на изложбата ќе бидат изложени и дела од млади творци инаку учесници на колонијата додека настанот со свои творби ќе го збогатат и млади поети од Радовиш.

Изложбата ќе биде отворена во 19 часот според Протоколите за работа на Домот на култура во време на COVID – 19 како што се задолжително носење на заштитни маски, дезинфекција на рацете, одржување на растојание 1,5 – 2 метри и со ограничен број на посетители.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.