Афористички поздрав од Коки: „На народот  му е добро се додека не сфати колку му е лошо“

Објавено на 27 март, 2023 во 10:43

Понеделник е резервиран за афоризми од велешкиот афористичар Коки. Новите шест афоризми со поглед кон народот, жените, политичарите како и бракот. Уживајте:

-На народот  му е добро се додека не сфати колку му е лошо.

-Наместо час нанапред, многуте жени со задоволство би го поместиле часовникот неколку години… наназад.

-Се стекнува впечаток дека состојбата во некои наши политички партии е безизлезна, со години наназад едни исти господа не можат оттаму да излезат.

-Ако цениме според наталитетот и во сексот западнавме во долгови.

-Кога покрај брачните постели би постоела книга за жалби, жените никогаш не би го испуштале пенкалото од рака.

-Нашиот атлетичар штотуку ја трасираше својата брачна патека, кога по неа започна да трча… комшијата.

Афористичар

Никола Бошков – Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.