Именденски афористички поздрав од Коки
Афористичарот Никола Бошков – Коки и овој понеделник со шест нови афоризми. Тимот на веб порталот Дума.мк му посакува вечно име и уште долги години да го слави во здравје и со многу среќа! Уживајте:
-Постојат ноќи во љубовта кога и на слепиот му се враќа видот.
-Не е чесно од Вас, ако без причина се сомневате во верноста на својата сопруга, пред сопругата Вас ве изневерило нешто друго.
-Не измачувајтесе попусто со компјутери и виша математика, погледнете ги оние околу себе што се збогатуваат со проста сметка.
-Многумина политичари на Велигден не одат в црква, не затоа што се атеисти, туку затоа што немаат со што да се чукаат.
-Не е хендикепт ако косата на главата Ви е бела и штркот има бела глава,ама …клунот му е црвен.
-Колку на спортистките нозете им се подолги, толку треба таванот да е повисок.
Афористичар
Никола Бошков – Коки