Издумани Крлевизми: „Ако најпрво го употребувате јазикот, немате потреба од умот“
Објавено на 20 јуни, 2025 во 10:12

Десет нови, издумани крлевизми за читателите на Дума.мк. Овие кратки афоризми се полни со сарказам, хумор и вистина. Читајте и започнете го денот со насмевка.
- Ако најпрво го употребувате јазикот, немате потреба од умот.
- Нашето подобро утре доцни на неопределено време.
- Ако не стигнеш во неповрат, убави се и патувањата со умот.
- И во златна вазна, откинатиот цвет е мртва природа!
- Јас сум против слободата на говорот… на цревата!
- Им верувам на жените дека уживаат кога се со мажот… во шопинг!
- На желбата да работам секогаш ѝ давам рок да ми помине.
- Рушам рекорди како од шега. Неславни!
- Не фрлајте ми песок во очите! Не стигнува до мојата оаза.
- Не газам на мравка, ама некои мајмуни можам да ги згмечам.
Афористичар Атанас Крлевски
Дума.мк
