Издумани Крлевизми: „Чесноста денес? Вродена мана!“

Објавено на 28 јуни, 2024 во 10:31

„Смејте се на Издуманите Крлевизми и размислувајте! И на духот му е потребен тренинг“, вели велешкиот афористичар Атанас Крлевски за новите 15 издумани крлевизми. Уживајте!

  1. Од вестите ги слушам само тие на комшивката од приземје.
  2. Кога сме кај правдата, мојата е спринтерска.
  3. Едни се уривачи на авторитети, а други уривачи на лажни авторитети.
  4. Во борбата да не бидеш како сите, најтешко е да не избегаш од сите.
  5. И на копно сум вешт пливач… во матни води.
  6. Чистотата е половина здравје – рече перачот на пари.
  7. Од добро известени кругови знам дека жените многу ме сакаат.
  8. Љубовџијата преку целата година е на меден месец.
  9. Ми дадоа збор. Салата брзо се испразни.
  10. Чесноста денес? Вродена мана!
  11. Од моите оригинали може да произлезат само неуспешни копии.
  12. Кој не ме сака, не знае што сака!
  13. Од паметни жени сум бегал веднаш, а од убави – отпосле!
  14. Вистината е некаде во средината, ама во чија?
  15. Чукнете си ја главата! Ви кројат капа.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.