Издумани Крлевизми: „Да ја живееме сегашноста со минатото во срцето и поглед во иднината!“

Објавено на 6 јуни, 2025 во 10:26

Велешкиот афористичар Атанас Крлевски, познат по својот остроумен и духовит стил, со нови 10 оргинални крлевизми за читателите на Дума.мк. Крлевски со својот препознатлив сарказам и длабока опсервација на општествената реалност нуди свежа доза хумор, што провоцира размислување и насмевка истовремено.

  1. Да ја живееме сегашноста со минатото во срцето и поглед во иднината!
  2. Што ако ми текнува навреме, кога веднаш заборавам што ми текнало.
  3. Додека јас си спиев во сламена колиба таа работела на проектот „Рајски градини“.
  4. Афоризмите ја деконтаминираат средината од глупости.
  5. Во моево срце влезе со туристичка виза, но веднаш побара азил.
  6. Ако молчењето е злато, мене ми е животен накит.
  7. Кој одбива добрини не сака да ги прави.
  8. Сакам со срцето. Зборовите може да се маска.
  9. Знам каде лежи зајакот, ама во близина лежи и мечката.
  10. Молчи! – кариерата ме моли.

Афористичар Атанас Крлевски

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.