Издумани Крлевизми: „Кон успехот со поситни чекори! За да не ве фатат во расчекор“

Објавено на 23 мај, 2025 во 09:58

Нови 10 издумани Крлевизми од велешкиот афористичар Атанас Крлевски. Прочитајте ги најновите духовити и остроумни афоризми што на уникатен начин ја отсликуваат нашата стварност. Со својата препознатлива игра на зборови и критички дух, Крлевски повторно нè тера да се насмееме – но и да се замислиме.

-Успеав да се победам себеси. Веќе не сум двајца.

-Жена ми не ми е по вкус, ама за вкусовите не се зборува.

-Кој нема план Б, нема ни план А!

-Во алгебрата, нулите се на крајот. Во животот ги има и во првите редови.

-Лажната скромност е позитивна лага.

-Афористичарот не пати од величина.

-Секогаш сум за дијалог. Само да не е дијалог на глуви.

-Најбрзо се гори под сенката на моќните.

-Кон успехот со поситни чекори! За да не ве фатат во расчекор.

-Луѓето ги делам на добри и лоши. Вторите ги множам со нула.

Афористичар Атанас Крлевски

Дума.мк

    Сподели:

    Напиши коментар

    Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.