Издумани Крлевизми: „На светот квантитативно водат ѓубрето и глупостите, а имаат и квалитет“
Објавено на 13 јуни, 2025 во 11:19

Во време кога вистината често се маскира како шега, а шегата одекнува посилно од секој говор, афористичарот Атанас Крлевски повторно ни нуди остра и прецизна дијагноза на општеството — преку нови десет Крлевизми.
- Од сите давачки најлесно давам чесен збор.
- Секоја моја комшивка е потенцијална сива еминенција. Обожувам женски совети.
- На светот квантитативно водат ѓубрето и глупостите, а имаат и квалитет.
- Враќањето е лек за носталгијата. На природна база!
- Ако пријателството е куќа, сите мои куќи се без клучеви.
- Решив да се женам. Тривијално решение!
- Носи змиски штикли. Иста од глава до пети!
- Некогаш одговорноста беше колективна, а денес ничија. Различно, а исто!?
- Комшивката, за да ме покани на кафе, ми бара сиви. Модерни времиња!?
- Не сакам нападни луѓе. Имам јас и други здодевности.
Афористичар Атанас Крлевски
Дума.мк
