Издумани Крлевизми: „Не се плашам од глобалното затоплување. Секогаш сум во сенка на жена ми.“

Објавено на 14 јуни, 2024 во 09:45

Петнаесет нови издумани Крлевизми и една порака до читателите од велешкиот афористичар Атанас Крлевски: „Читајте Издумани Крлевизми! Смејте се и размислувајте! Наздравје!“.

  1. Игнор е разбирачка со неразбраните.
  2. На Фејсбук сум и кога спијам. Сонувам еден профил во анфас.
  3. Слободните стрелци постојано се на нишан!
  4. Не можам да бидам паметен зошто бракот започнува на луд камен.
  5. Се лизнав на мазен мозок. Уште една бразда на мојот мозок.
  6. За едни предјадењето е главно јадење, а за други – обратно!
  7. Нашата љубов како видео ролна. Уште не започната – заврши!
  8. За народот леб и игри, но само да не е: игри за леб со народот!
  9. Не верувам на секоја женска насмевка. Можеби некоја е заради порцеланските заби.
  10. Сѐ прави на прва! Не знае да брои до три.
  11. Ги зближи крадењето, ги раздели украденото!
  12. Не се плашам од глобалното затоплување. Секогаш сум во сенка на жена ми.
  13. Изгледаше наивно. Доволно да излезам наивен.
  14. Ги поминав сите граници на вкусот. Јадам тоа што имам.
  15. Се истакнува на секој чекор. Со грешки во чекори.

Афористичар Атанас Крлевски

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.