ИЗДУМАНИ КРЛЕВИЗМИ: „Одговорите на одговорните се побавни дури и од нашите возови“
Објавено на 18 април, 2025 во 10:30

Афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски, за овој празничен петок, за заедницата на читатели на Дума.мк ги напиша следниве 10 афоризми:
„Знам да кажам не. Најчесто, кога ми нудат мотика.“
„Кој преживува нема да кажува. Ќе пишува историја по свое.“
„Денес Али Баба и 40 разбојници е смешна бројка.“
„Запрете го напредокот! Народот сака да слезе. “
„Не читам бајки со години. Слушам од утро до вечер. “
„Одговорите на одговорните се побавни дури и од нашите возови.“
„За мене моралот е нешто што се мора.“
„Нема прашок за перење за јавно изнесените нечисти алишта.“
„Дрвото се витка дури е младо, ама јас пред жена ми се виткам и во третото доба.“
„Чесноста е доблест или не –прашање е сега!“
Среќни велигденски празници!
Вашиот, Атанас Крлевски
