Издумани Крлевизми: „Секој почеток е тежок, а почетокот на крајот… најтежок!“

Објавено на 11 јули, 2025 во 10:47

Со остро перо и длабока мисла, велешанецот Атанас Крлевски во оваа нова селекција од десет нови крлевизми, уште еднаш покажува дека хуморот и сатирата се најсилното оружје против апсурдите на денешницата.

  1. Фотелјите овозможуваат широки расправи за ветеното… до следните ветувања.
  2. Имам чудна жена. Знае што сакам.
  3. Зборувам што мислам, а мислам со своја глава.
  4. Жена ми мѝ постави сандаче „Жалби и поплаки“. За поплаки ќе почека.
  5. Сигурно си овца ако те водат кон бездна, а ти молчиш.
  6. И демократијата има црвени линии. Без нив е хаос.
  7. Културата е како кивавицата. Не може да се глуми.
  8. Купувајте и скапо! Некое ефтиното двапати се плаќа.
  9. Кој спие на ловориките на славата и топне го буди.
  10. Секој почеток е тежок, а почетокот на крајот… најтежок!

Афористичар Атанас Крлевски

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.