Издумани Крлевизми: „Слушајќи што ми зборуваат, не гладав што ми прават“

Објавено на 13 септември, 2024 во 09:41

Нови 15 Издумани Крлевизми од велешкиот афористичар Атанас Крлевски за читателите на Дума.мк и вели „И овој петок читајте Издумани Крлевизми! Можете да ги читате и меѓуредови“. Уживајте!

-Не газам на мравка, ама некои мајмуни можам да ги згмечам!

-Ме фатија во тесно. Долга и широка!

-Само на нарцисоидните им доликува да се колнат во вечна љубов.

-Правдата е брза. Ние сме бавни!

-Лекција од народот со две букви: Уа!

-Веќе не живеам ден за ден. Живеам од денес за утре.

-Лагата се шета по светот во украдената облека од вистината. Кој лаже и краде!

-Во хороскопот сум лав, а жена ми шкорпија. Е па, ајде биди цар во куќата!

-Македонците најработливи се на продолжените викенди. Го развиваат туризмот на соседите.
-Некогаш игравме клик – клак, а денес со кликање се печалат пари.

-Според народот, демократија е кога власта е во негови раце. За власта, демократија е кога народот е во нејзини раце.

-Слушајќи што ми зборуваат, не гладав што ми прават.

-Ако не посееш, ќе те жнеат!

-Веќе нема човекојадци. Кого би го јаделе?

-Досега светот остануваше на младите, а отсега на вештачката интелигенција.

Афористичар Атанас Крлевски

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.