Издумани Крлевизми: „Смеата е лек на природна база. Само да не е лажна.“

Објавено на 4 април, 2025 во 12:04

Нови 10 издумани крлевизми од велешкиот афористичар Атанас Крлевски.

  1. Соседот ми се довери: „ Досега не сум знаел дека два и два се четири.“
  2. Книгата е извор на знаење. Не читајте ја ако е загаден!.
  3. Љубовта со пари не се купува. Ниту со крипто валути.
  4. Не грешам во чувствата, но разумот често ме лаже.
  5. Се прави важен. Сите ги омаловажува.
  6. И денес констатирав дека само константирам.
  7. Не сака туѓи лаги, ама своите ги обожува.
  8. Смеата е лек на природна база. Само да не е лажна.
  9. Во бракот поволниот ветер дува од два правци.
  10. Најголеми загадувачи на животната средина се мативодите.

Афористичар, Атанас Крлевски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.