Издумани Крлевизми: „Внимателно со празните приказни! Имаат најубави зборови“

Објавено на 9 мај, 2025 во 12:23

Велешкиот афористичар Атанас Крлевски денеска објави нова серија од 10 оригинални и духовити афоризми, познати како “Крлевизми”, ексклузивно за читателите на порталот Дума.мк. Со својот препознатлив сатиричен стил, Крлевски ги опфати актуелните општествени, политички и животни теми, нудејќи нова доза хумор и размислување.

-Се плашам и од сенката на жена ми. Затоа ја гледам само напладне.

-Ако власта не е сервис на граѓаните, треба да се сервисира.

-За мито се потребни двајца… во четири очи.

-Најтешка борба е борбата да владееш со себеси.

-Му дадоа одврзани раце, а нозете му ги оставија врзани.

-Внимателно со празните приказни! Имаат најубави зборови.

-Во бирото за изгубени работи никој не донел изгубен углед.

-Колку повеќе сиромашни во светов, толку повеќе светски милијардери.

-Менаџирањето на мојот директор многу личи на фудбал. Полно дриблинзи!

-Историјата секој си ја чита по свое. Затоа јас ја читам по мое.

Дума.мк

Атанас Крлевски

    Сподели:

    Напиши коментар

    Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.