Издумани Крлевизми за жената: „Јас без жена ми не можам да дишам. Таа – обратно!“

Објавено на 19 јули, 2024 во 11:43

Велешкиот афористичар Атанас Крлевски со нови 15 издумани крлевизми за читателите на Дума.мк на кои им препорачува: „Читајте Издумани Крлевизми за жената. И жената не е секогаш цвеќе за мирисање, па тогаш е убава агфористична тема“. Уживајте!

  1. Кај жените оставам добар впечаток. Телефонскиот број самите го наоѓаат.
  2. Јас без жена ми не можам да дишам. Таа – обратно!
  3. Мојата љубов преку e-mail заврши. Ја заборавив лозинката.
  4. Имаше чудо од сопруга. Секое чудо за три дена!
  5. Кога жената не знае што бара, сака да го бара заедно со мажот.
  6. Кој живеел вонбрачно, не може да се пофали дека се развел.
  7. Жена ми ќе биде моето сонце ако знам од која страна изгрева.
  8. Мажот е таков, каков ќе го направи жената. Може да е и туѓа!
  9. Има богат речник. Наследство од свекрва ѝ!
  10. На жена му веќе не ѝ се обраќа со „злато“. Се плаши од диви копачи.
  11. Застанавме на лудиот камен, а тој од стиропор!? Ни го однесе ветерот.
  12. Ако жената е ороводка на брачното оро, мажот сигурно е кецот.
  13. Имам смарт сопруга. Во креветот ме прима само со лозинка!
  14. Ја внесов во мојот живот и…од саем ми стана панаѓур!
  15. За мене жена ми е кралица. Има нешто кралско во мене!

Афористичар Атанас Крлевски

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.