Коки: „Англичаните пијат чај затоа што никогаш немале можност да вкусат наша традиционална, домашна, стара тиквешка …Ж,ТА“

Објавено на 8 јули, 2024 во 09:14

Понеделнички нови афоризми од велешкиот афористичар Коки. Прочитајте ги и започнете ја новата работна недела со насмевка.

-Волшебната бројка во животот е бројката, ДВА : треба,или да се дигнат два прста,или…две нозе.

-Секоја нова власт акомулира во себе мноштво голтари, полтрони, маргинални партиски лигуши и послушници, кои потем прераснуваат во големи патриоти, заземаат високи државнички функции и…енормно, бесрамни зголемени плати.

-За водење љубов на нимфоманките им е куса и поларната ноќ.

-Многу убав современ развод: нему луксузниот автомобил, нејзе тукушто реновираниот стан, а децата…на бабата.

-Господата кои ги добија ветените, предизборни директорски места сега, заседнати во удобните меки, кожни фотељи, бескрајно ќе не уверуваат дека од ОВАА КОЖА, ВО ДРУГА НЕ СЕ МОЖЕ.

-Англичаните пијат чај затоа што никогаш немале можност да вкусат наша традиционална, домашна, стара тиквешка …Ж,ТА.

-Добра вест е кога ќе слушнете дека нашите народни избраници се наоѓаат на годишен одмор, а лошата…дека се има свој крај.

Афористичар Никола Бошков Коки

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.