Коки: „Бракот честопати наликува на лотаријата: некогаш добива мажот, некогаш…други!“

Објавено на 12 мај, 2025 во 10:05

Велешкиот афористичар Коки повторно одбра седум остроумни мисли што ја погодуваат суштината со доза на хумор. Овој пат, инспириран од политиката, односите меѓу жените и мажите, спортот и секојдневието, Коки ни нуди свежа доза сатира за добар почеток на неделата.

-Политичарите кои ВИСОКО летаат, ги испраќаат и пречекуваат на аеродром.

-Ниту едно куче со коска в уста не е во состојба да лае, за разлика од некои партиски портпароли кои умеат катадневно, мошне грлато да се огласуваати да лаат…со полна уста.

-Бракот честопати наликува на лотаријата: некогаш добива мажот, некогаш…други!

-Многуте жени чувствуваат потреба нивните мажи да им СКОКААТ во креветот онака, како што тоа денес скокаат цените.

-Урбаните мангупи кои воделе љубов во своите луксузни автомобили, сега возат…детска количка.

-Мојата генерација ја немаше привилегијата да биде сексуално воспитувана, ние бевме…самоуки.

-Понекогаш во креветот е како на спортската прогноза: никогаш со сигурност не можете да очекувате колку погодоци ќе остварите.

Афористичар Никола Бошков – Коки

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.