Коки: „И ова лето нудистите ќе патуваат на море, а голите ќе останат дома“

Седум нови афоризми од афористичарот Коки во кои, тој со препознатлива доза на иронија и мудрост ја коментира секојдневната реалност, менталитетот и апсурдите што нè опкружуваат. Еве што има да ни каже овој пат:
-Сега веќе се е јасно, се знае: и кој пие, и кој…не е платен.
-Нашата ИСТОРИЈА, е нашата УЧИТЕЛКА на животот, но источниве соседи постојано, мошне непримерно и бесрамно се однесуваат, и како ненаситни еротомани се обидуваат да ни ја СИЛУВААТ…УЧИТЕЛКАТА.
-И ова лето нудистите ќе патуваат на море, а ГОЛИТЕ ќе останат дома.
-Штотуку помисливме дека раскрстивме со минатото и т.н. едноумие, кога одново започна да ни се случува нов, опшествен систем- тоталитарен апсолутизам и …безумие.
-Велат дека сексот е интелектуална работа, но кој со својот интелект учи и практикува секс од книги, тој ги плаќа печатните грешки.
-На многуте луѓе во бракот им е се тамам…освен жената.
-Нашиот голгетер успеа да ја исползува новосоздадената поволна прилика, затоа сега плаќа алиментација.
Афористичар Никола Бошков Коки
Дума.мк
