Коки: „Кога го земам својот личен доход честопати се прашувам: дали јас навистина некаде работам?“

Објавено на 20 ноември, 2023 во 11:33

Афористичарот Никола Бошков – Коки со шест нови афоризми за читателите на Дума.мк. Прочитајте ги, насмејте се и очекувајте ги следниот понеделник новите шест! Уживајте:

-Колку многу правнички, толку повеќе дупки во законот.

-Занимавањето со политика  за многумина претставува мошне корисен бизнис, почувствуваа луѓето дека тоа најмногу се исплатува.

-Од жената не можам да дојдам ниту до збор, од комшијата…ниту до креветот.

-Кога го земам својот личен доход честопати се прашувам: дали јас навистина некаде работам?.

-И го покажав патот кон високото друштво…и повеќе не се врати.

-Во животот жените се изборија за рамноправност, но во многуте бракови, рамноправност бараат мажите.

Афористичар

Никола Бошков – Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.