Коки: „Моралот се уште ни е на цена: во градот не постои ниту еден балкон…без гаќи.“

Шест нови афоризми од велешкиот афористичар Никола Бошков – Коки за читателите на Дума.мк.
-Моралот се уште ни е на цена: во градот не постои ниту еден балкон…без гаќи.
-За Првомајските празници, граѓаните одново се присетија на своите дамнешни корени и масовно се вратија во селата: на своите исконски огништа започнаа да ги печат, јагнињата и прасињата.
-Чукајќи празна слама, многумина политичари си ги наполнија амбарите.
-Одговорност треба да има за сите што направиле криминал и се огрешиле со законот, се разбира, освен за неколкуте судии и министри, кои го злоупотребуваат, а треба да го почитуваат законот.
-Враната на врана не и ги вади очите, освен ако заедно не „гракаат“ на некој ист фолк-фестивал.
-За да може животот и понатаму да продолжи да се живее со љубов, многуте луѓе се присилени да голтаат се она што сопругата ќе им ЗАПРЖИ.
-Фудбалот и бракот можат да се поистоветат: наместо лошите стрелци, влегуваат резервите.
Афористичар Коки
Дума.мк
