Коки: „Можеби некогаш и некаде ќе биде подобро, ама…не овде“
Објавено: 14 јули, 2025, во 10:17 часот
Велешкиот афористичар Никола Бошков Коки ни нуди нова доза од својата прецизна мисла во форма на седум свежи афоризми. Со остроумие и дух, тој ја отсликува денешницата каква што навистина е – без шминка.
-Колку на жените јазикот им е покус, толку бракот им е подолг.
-Штом оркестарот на некоја политичка партија е раштиман, тогаш: или инструменталистите се аматери и самоуки свирачи, или лидерот-како диригент на оркестарот, не ги познава нотите.
-Постојат политичари, за жал, кои катадневно работат против безбедноста на државата, ама…живеат удобно и безбедно со безбедносен сертификат.
-Можеби некогаш и некаде ќе биде подобро, ама…не овде.
-Владиниот министерски адвокат е дециден: силеџиите не подлежат на санкции и можат да бидат амнестирани од одговорност единствено тогаш, кога тепаат жени…во самоодбрана.
-Во овие летни горештини, моите соседи си го „освежија“ бракот: си ги изладија односите еден кон друг.
-Пешакот е КРАЛ на пешачкиот премин, но честопати е матиран од некој КОЊ…зад воланот.
Афористичар Никола Бошков Коки
Дума.мк


