Коки: „Можеби звучи парадоксално, но денес, кој нема во главата…главен е!“

Објавено на 10 септември, 2024 во 09:46

Велешкиот афористичар Никола Бошков – Коки со седум нови афоризми за читателите на Дума.мк. Прочитајте ги, насмевката е загарантирана.

-Можеби звучи парадоксално, но денес, кој нема во главата…главен е!

-Кога го слушам постојаното „лаење” на некои партиски потпароли, имам чувство дека станува збор за некоја клонирана, за нас се уште непозната сорта…крвожедни кучиња.

-Учебната година е во тек. Некои професори ќе започнат да заведуваат оценки а некои, пак…ученички.

-Не верувам дека Адам очекувал да дојде есен, за да се увери дали на Ева ќе и падне листот.

-Мојот сосед е пасиониран ловџија. Неговата сопруга поседува колекција на крзна, тој… на рогови.

-Штотуку го положи возачкиот испит, мојата колешка доживеа брачна незгода. Не и беа исправни…ножните сопирачки.

-Што се не си правиме едни на други, вистинско чудо е што се уште не сме колку кинезите.

Афористичар Никола Бошков – Коки

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License